ОТВОРИВ ОЧИ НЕШТО ДА НАПИШАМ
Не го гледам денес крајот
а на мојот колосек нема ноќен возен ред
и сите возови патуват во една насока
тажно ли е тоа или добро е
добро е ако си на нив
и добро е ако останеш на шините
тажно е ако го носат со себе минатото
и тажно е ако не можеме да ја видеме
иднината...
Бегаат одавде,
патуваат пресконуваќи ја месечината
не дозволуваќи да ги повлечам назад
Ја прескокнуваат месечината
одведуваат дел од детството,
од првите љубови,
првите победи и првите порази
се она што со нишка тага се памти
се она на што со навлажнети очи се сеќаваме...
Се нешто размислувам дека не ме боли
она што го немам,а уште помалку она што го сакам
Се нешто размислувам како цвеќињата имаат коса а не ливчиња
додека суптилно и шепотам:
Јас сум мајстор на длабочините што не ги откривам
Јас сум господар на светот во кој повеќе не влегуваш
Јас незнам повеќе што пишувам и не ми грижа...
ЗАГЛЕДАНИ ВО ПЛИТКАТА БРАЗДА НА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ
ШТО ЗНАЕМЕ НИЕ ЗА ДЛАБОЧИНИТЕ НА ДРУГИЕ

No comments:
Post a Comment