Tuesday, September 10, 2013

ШИЗОФРНИ МОНОЛОЗИ...WISH YOU WERE HERE...


Јас имам љубов за чекање,но во ниедна од тие чекални на животот не ја сретнав неа,или можеби сум ја сретнал еднаш или повеќепати,или можеби тоа беше само фрагмент еден дел од секунда во сон,ја чекав да се излупи од светлото безобличје,да трепне со крилјата во Бразил а на Пацификот ураган...Домино ефект пријателе.
Но еден ден или ноќ се појави како авет на минатото или како долго очекувана...хммм,долго очекувана што???
Зар ова не е прашањето што си го поставувале оние што умирале пред вратите на Берлин тоа Мајско утро 45-та,
зар ова не е прашањето ?????
И остана без зборови,си ги изеде мислите и остана гладен
а на трпезата цел еден буквар
цел лексикон,и до ден денес се прашува што требаше да направи,каде ли погреши,чии ли грешки плаќа...
Иде моментот кога треба да се погледнеш себеси со забести зеници и од празносиметричните ти очи нема да потече ни капка,затоа што ако и само малку капне тоа ќе ги преполни сите чаши и сите шишиња што некогаш ги празневме во нејзино име,ќе паднат во заборав сите сите ноќи и дни поминати во залудни разговори,дебати кавги
за нашето битисување.Бит или корен???
А погледнеш ли на запад пријателе  ќе го видиш симболот на нашата вера,вера невера.Погледни на запад пријателе,во самракот таму душите заоѓаат,таму се гаси животот,а еден ден ќе згаснеме и ние со неа или без и нема да бидеме светли точки на небесниот чаршав,се родивме да бидеме храна на некои животинки што живеат шест лопати под земја...
Треба ли да ги смириме минатото и иднината и од сето тоа да се роди сегашноста?
Треба ли да бараме прошка од сите што сме ги повредиле(не од бога тогаш е касно)+(во него не верувам).
Треба ли чисто и искрено фрлаќи ги сите маски да речеме ова сум јас????
Баш заради сето ова и овие шизофрени монолози,и да завршам со ...

No comments:

Post a Comment