Шизофрени монолози II (Добар сум во две нешта-Конструкција и деструкција-Градење sидови и рушење мостови)
Ги навлече очните капаци,со тупаници ги затвори ушите,го запре дишењето.Со запечатени сетила мислеше дека ќе остане уште бар малку во слаткодопреното минато,но неочекувано се изгуби во сеташноста.Желбата за бегство во нереалното повторно проработи...
BARS
Со забести заници се виде себеси гол во кафез.
Во носот го цувствува мирисот на своето ропско испарување,низ стиснати тупаници го слуша плачот на металните шипки.
Цел свет сега може да го види своеволно изолиран,затворен,и да го слушне и да го помириса.
Жигосан со срам си викна во себе-Стварноста или реалноста треба непрестано да ја гледаме право во очи,да ја слушаме со начулени уши и да ја помирисаме, ако треба и да ја допреме.
Ги одврза своите сетила му сврти грб на прозорецот и замина.Повторно се излажа .
Кафезот беше тој што се движеше и во својата утроба гордо го носеше својот претпоставен голтар.
-Постојат несогледани ходници,одиш но никогаш нема да се вратиш и никогаш нема да удриш во sид,а пред уморните ти очи полидимензионални слики.Невозможно е тоа ако е човек жив и ако не спие.
-Можеби е подобро да трчаш додека другите чекорат и обратно.
И потрча.Еден,два...десет и уште понатаму и побрзо би можел макар и во круг но кафезот премногу му сметаше.
Решеткастиот скелет му го кршеше телото а скелетната провидност доведуваше до лудило.
-Нема ништо пострашно од тоа да се биде истовремено и стрелец и мета изложен на сопствениот куршум без име и причина самонанишанет нишан.
На крајот на десеттиот круг се свитка во аголот,неколку секунди кратко воздивнување а потоа се одлучи на преговори.
-Кафезу мој?ДАли си планетарен или елеменарен дух?Халуцинација на психотропни дроги,сениште на благопочинат монах или си факт на реалноста??
Кафезот не сакаше да разговара за работи неприкладни на неговата скелетна чувствителност и само го погледна со своите празносиметрични очи.
-Будало гола! Излези од мене побегни провлечи се.
Не можам гол сум и бос,без облека како да ми е кожата одрана од уморното ми тело.
-Беднику!!!Затропа кафезот одскокна колку да биде празен и безшумно одлета низ прозорецот.
Се скамени.-Ќе останам незаштитен без решетки,премногу слободен на голата камена дланка на светот.
Кафезу мој останиииииии!
-Какво задоволство е да се биде слободен.Си противречиш на себеси,а пред малку толку жалосно завиваше.
Спротивно од желбата да се биде затворен(а голотијата толку добро ми одеше од рака,посакав да излезам.
Од каде?
Лабилноста на оние кои што со едниот дел од битието сакаат да бидат здрави а со другиот не па желбите и постапките непрестано им се поларизираат.
Времето поминуваше.Утре ќе ме облечат во пепел ако останам гол и сам.
Во сопствената челуст стои гол и сам,нагло движење како да се ослободува од нечија убиствена прегратка и за момент тој вртлог го подсети дека работите му останаа на спротивниот брег(El atro lado del rio).
Го заболе тоа како сопствената кожа да му остана на врелиот песок.Плитки бранови стигнуваат до неа ја лижат.
Ги подига ракавите и ногавиците,залуден обид да ја пополни со сопственото тело.....
Утро е.

No comments:
Post a Comment